Во разговор со Гвинет Палтроу, пренесуван во живо на Јутјуб, Камерон Дијаз се пофали дека нашла мир во душата откако го напушти Холивуд.

Имам мир во душата, зашто конечно можам да се грижам за себе. Чудно е, знам. Многу луѓе нема да го разберат ова. Ама, знам дека ти разбираш  ѝ се отвори Дијаз на Палтроу.

„Лошата наставничка“, како што се вика последниот филмски хит на Дијаз, соопшти дека е ослободена и од притисокот на јавноста.

Когa работиш на филм, тие те поседуваат. Постојано те следат… Немаш време за ништо друго – вели Дијаз.

Откако ја напушти филмската сцена, Дијаз се омажи за Бенџамин Меден, а во јануари годинава тие ја добија и ќерката Радикс. Во меѓувреме, Дијаз лансираше и свој бренд вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.