Македонскиот пејач на народна музика, најпознат како дел од дуетот Селимова – Желчески, Ѓорѓи, го напушти овој свет на 82 години. Ѓорѓи беше бескрајно талентиран, можеби и единствен во дискографско-естрадниот свет со четири дипломи: музичко училиште, средно медицинско училиште, више педагошко училиште и ПМФ, наставник по хемија.

Рано сФатил, уште како солист на Радио Скопје, дека за народната песна која ја носел во гените, не му треба никакво училиште. Зад него остана сопругата, која освен животна сопатничка повеќе од 60 години, му беше и дуетска партнерка.

Фаталната средба се случила 1959 година на Партизански води на Златибор. По желба на маршалот Тито одржана е смотра на фолклористи од цела Југославија. Скопје, како свои претставници ги пратиле КУД Орце Николов, во кој настапувала и Кевсер Селимова. Ѓорѓе веќе бил афирмиран солист. На прв поглед се заљубил во седум години помладата русокоса убавица со зелени очи. Пламнала љубовта, почнале заедно да пејат и снимаат дуети, пренесувајќи ја славата на македонската песна на сите меридијани.

Кевсер и Ѓоле беа беспрекорно синхронизирани и во музиката и љубовта. Пееја и кога молчеа, се разбираа и кога не зборуваа. Пред неколу години Ѓоле во една емисија рече: Бевме момче и девојка, па маж и жена. Последниве години сме како брат и сестра, а сега сме како сестри!

Желчески за себе зборуваше дека се Македонци од Белград. Кевсер и Ѓоле од Македонија се преселија во српската престолнина, на половината од минатиот век.

Кога Југославија почна да се распаѓа, некои луѓе од браншата не провоцираа, навредуваа, не прашуваа кога ќе одиме дома. Ни Кети ни јас никогаш не возвративме, иако некои од нив од братските републики стигнаа во Белград пред самата во*на, во опинци, а дури потоа обуја чевли“ – рече во една прилика Ѓорѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.