Јелена Карлеуша вчера се појави на судењето со Огњен Врањеш во Основниот суд во Белград, додека пак овој пат не се појави босанскиот фудбалер.

Карлеуша се појавила во друштво на својот адвокат и менаџер, додека во име на Врањеш се појавил неговиот адвокат.

Адвокатите на Јелена изјавиле дека денес секој има пристап на социјалните мрежи, дека има неограничен број на корисници и дека било кој може да се вклучи и да објави што сака.

Поточно, се мисли на отвореното писмо на Јелена Карлеуша кое во јануари 2019 година се појави на социјалните мрежи.

Поради ова Јелена е обвинета за кривчно дело за навреда.

Од друга страна, адвокатите на Врањеш изјавиле дека остануваат при приложените докази и предлагаат да сослушаат уредници на пет медиуми бидејќи само тие можат да сведочат од каде се земени информациите. Тие исто така изјавиле дека ќе бидат благодарни доколку одбраната покаже докази со кои ќе докаже дека Јелена не е виновна за делото.

Адвокатите на пејачката истакнале дека испрашувањето на уредници на пет медиуми не е релевантно.

Јелена во своето сведочење изјавила дека кон наведените сведоци поднела повеќе од 100 тужби и дека се сомнева во тоа дека ќе бидат непристрасни.

Јелена исто така објаснила дека таа има многу фан страници, но дека нема свој приватен Фејсбук профил каде што било објавено отвореното писмо на 14 јануари 2019.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.