Јелена почна со споредба на пејачката Маја Беровиќ , која се сликала на истиот мост како Северина пред неколку месеци.

Дозволете ми да кажам само неколку зборови за Северина. Мислам дека во целина, што се однесува до модата, никој да не се лути. Јас ќе бидам сурово искрена, но Маја Беровиќ нема што да бара да се споредува со некој кој има многу повеќе вкус”, започна Карлеуша и продолжи:

Северина е една од ретките жени што навистина знае да се облекува соодветно за неа. Не да носи она што е тренд, туку да го прилагоди трендот кон себе, така што изгледа дека го рефлектира тој тренд, а не спротивното и тоа е многу важно за мене. Честопати се инспирирам од Инстаграмот на Северина. Гледам што да облечам“.


Новинарот Видиќ од порталот Телеграф додаде дека Северина треба да биде додаток на Вог за балканскиот пазар.

Мене ми е одлична! Мислам дека таа изгубила поголема тежина отколку што треба, но од друга страна, тоа е мода за мене. Јас би претпочитала таа да биде потенка отколку да има проблеми со тежината”, рече Карлеуша во интервјуто во кое ја фалеше Северина Којиќ , иако јавноста знае дека до неодамна ја навредуваше . Но , ги спои битката против лагите за нив во дел од српските медиуми. Така на прашањето дали и натаму е во брак со Душко Тошиќ , Карлеуша одговори потврдно и додаде ,, Српските медиуми веќе објавија дека се разведовме, дури го поделија нашиот имот и доделија алиментација за децата. Во правна држава тоа нема да може да се случи , а уредникот ќе добие повеќемилионска пресуда. “, рече таа.

Само до неодамна истите медиуми јавуваа за вистинска војна меѓу Северина и Карлеуша , што почна пред повеќе од три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.