Најубавата двојка во Холивуд, актерот Бредли Купер и неговата сопруга манекенката Ирина Шајк се разделени пренесуваат дел од руските медиуми.

Љубовта згаснала по четири години заедно, пренесуваат руските медиуми. „Газета ру“ пренесува дека 33 годишната Ирина и единаесет години повозрасниот Бредли наводно од февруари годинава веќе не живеат заедно, по флерот на Купер со светската музичка ѕвезда Лејди Гага на доделувањето на Оскарите.

Сепак неколку дена по Оскарите Бредли и Ирена беа сликани заедно, но изразот на нивните лица покажуваше дека меѓу нив двајца нешто не е во ред.

Руските медиуми сега шпекулираат за разделбата на најубавиот „брачен пар“ во Холивуд и наведуваат дека прв оваа информација ја пренел таблоидот МТО, кој се повикал на „целосно проверен извор“.

Засега прес службата на Бредли и Ирина нема реакции на овие шпекулации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.