За големата венчавка на Џастин Бибер и Хејли пишуваа сите светски медиуми, а младенците почекаа бурата малку да стивне и дури вчера ги споделија првите свадбени фотографии. Очекувано, сите ги интересираше каква венчаница носела Хејли, која се смета за една од најдобро облечените жени во светот.

Двајцата вчера на своите Инстаграм профили споделија фотографии од венчавката и додека манекенката се определила за црно-бели, пејачот ги објавил истите, само во боја.

Хејли блескаше во спектакуларна бела венчаница од чипка која ѝ ги открива рамената. Интересен детаљ е и велот долг повеќе од три метри, на чиј крај со големи букви пишува „Додека смртта не нè раздели“.
Креацијата е дело на чешкиот дизајнер Вирџил Аблоа, но во нејзиното создавање учествувала и Хејли.\

Фото: Инстаграм

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.