По неколку дена шпекулации, конечно Меган и Хари потврдија дека оваа есен заминуваат на турнеја низ Африка заедно со синот Арчи.

Ова ќе биде прва официјална турнеја за нив како семејство, а во текот на истата Меган и Хари ќе посетат бројни хуманитарни настани од кои дел посветени на неговата мајка, принцезата Дијана.

Турнејата се очекува да започне на есен кога Арчи би имал шест месеци, со што ќе биде и најмладиот член на кралското семејство кој заминал на турнеја низ светот.

За време на турнејата, принцот Хари сам ќе ги посети Малави и Ангола, додека заедно ќе ја посетат Боцвана.

Со посетата на Ангола, Хари ќе ја продолжи хуманитарната работа на неговата мајка, принцезата Дијана која посвети неколку години работејќи заедно со хуманитарните заедници во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.