Тоа е сумата која принцот Хари и Меган Маркл може да ја заработат, според експертите. Сумата ќе се зголеми на еден милион доколку двојката одговара на прашања во јавност.

500.000 долари ако Хари и Меган прозборат во јавност. Ако одговараат на поставени прашања – милионче. Ама, вистинската зделка би била доколку објават книга со нивната историја: тие би заработиле помеѓу 8 и 10 милиони (и тоа е само од аванс!).

Како ќе опстанат без буџет од кралското семејство? Тоа беше главната реакција на фановите по збогувањето на Хари и Меган со кралското семејство. Војводите од Сасекс решија да живеат како обичен пар, работејќи и одржувајќи се економски самостојно. Но, како? Сите прашуваа. Сепак, патот до брза заработувачка и не е толку комплициран.

Меган Маркл и принцот Хари не треба да имаат никаков проблем да станат економски самостојни: тие би можеле да заработат огромни суми едноставно со зборување во јавноста и со учество на настани и конференции.

Војводата и војвотката од Сасекс би можеле да заработат сума од 500.000 американски долари по глава, само со учество во одредени настани, тврдат експертите кои им помагаат на славните личности да потпишат вакви договори, и кои меѓу своите клиенти имаат имиња како Никол Кидман и Дајан Китон. Стручните лица објаснуваат дека многу познати луѓе добиваат огромни суми пари за зборување и присуство на конференции и слично, а Меган и Хари очигледно се во голема предност зашто моментно сите ги бараат. Ова е причината зошто тие би можеле да направат бизнис зборувајќи за доброволни и непрофитни организации – тие би добиле многу повеќе од просечната сума предвидена за други познати личности, што е помеѓу 200 и 300 илјади долари за говор.

Но вистински сериозен бизнис можат да направат со објавување на книга за нивниот живот. Според агентката Дарен Принс, славната двојка може да заработи меѓу 8 и 10 милиони долари и тоа платени како аванс, а од продажба на книгата – уште милиони…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.