На снимањето на неговиот нов филм „’Рѓа“ 68-годишниот Алек Болдвин случајно ја застрелал и убил кинематографката Халина Хачинс и го ранил режисерот и сценарист Џоел Соуза. Од фотографиите се гледа дека актерот е видно вознемирен, а засега не е познато што точно се случило.

Несреќниот настан се случил на сетот во Њу Мексико и полицијата потврдила дека Болдвин е оној којшто го истрелал пиштоло, но се уште не се познати детали и не се знае дали некој го наполнил пиштолот со вистински куршуми или дали лажниот куршум што се користи за снимање испукал заедно со остатоци од вистински куршум во цевката на пиштолот.

Кратко по инцидентот актерот е забележан расплакан пред полициската станица поради немилиот настан.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-i-edno-lice-go-zagubi-zhivotot-03.JPG

Засега не биле покренати обвиненија, но од полицијата велат дека има активна истрага со која ќе се утврди што точно се случило.

Британскиот водител Пирс Морган сподели и две фотографии на кои се гледа агонијата на актерот.

Според инспекторите, се чини дека во сцената што се снимала се користела лажна муниција кога пиштолот бил истрелан. Детективите истражуваат за да откријат што точно било истрелано.

Некогаш на снимањето на холивудските филмови се користи вистинско оружје, особено ако оружјето треба да се гледа одблизу. Причината за ова е едноставна – вистинските пиштоли се потешки од лажните и глумата изгледа поуверлива.

tragichna-vest-alek-boldvin-vo-solzi-i-neveruvanje-otkako-sluchajno-zastrela-dvajca-kolegi-i-edno-lice-go-zagubi-zhivotot-01.jpg

Пиштолите се полнат со лажни куршуми, познати и како „ќор-фишек“. Во вистинските куршуми има барут, капсула, дел на дното кој го пали барутот за да предизвика експлозија, и проектил на врвот. Овој проектил е всушност делот од куршумот што е смртоносен.

Лажните куршуми го имаат истиот состав, но кај нив нема проектил. Кај лажните куршуми во Холивуд на местото на проектилот обично ставале восок или нешто слично за да го затнат.

Па, кога ќе се испука пиштолот, се слуша експлозијата од барутот, но нема проектил со кој може да се застрела некој или нешто.

Но, бидејќи сепак станува збор за експлозија, и лажните пиштоли можат да бидат опасни ако се истрелаат во нечија близина.

Бидејќи од пиштолот се истрелува и восокот или материјалот искористен за да се затне куршумот, ако некој е многу блиску до цевката, може да биде повреден.

Несреќа може да се случи и ако пиштолот не е правилно наполнет – ова беше причината за инцидентот на сетот на The Crow, каде што загина синот на Брус Ли, Брендон Ли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.