Мексиканските актери Хорхе Наваро Санчез (46) и Луис Херардо Ривера (30) во четвртокот загинаа по пад од висок мост. Актерите вежбале сцена за новата серија „Без страв од вистината“ на познатата продукциска куќа „Телевиса“.

Со големо жалење ве известуваме дека ноќта на 16 јануари, за време на проба за сцена во серијата „Без страв од вистината“  (Sin Miedo a la Verdad), актерите Хорхе Наваро Санчез и Луис Херардо Ривера ги загубија своите животи паѓајќи од мост. Нашите молитви се со семејствата на Хорхе и Луис Херардо, до кои упатуваме најискрено сочувство, се вели во соопштението од „Телевиса“.

Мексиканските медиуми јавуваат дека инцидентот, во кој Санчез починал на лице место а Ривера во болницата, учествувале околу 50 луѓе кои работеле на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.