Американскиот оскаровец и режисер Вуди Ален не може да најде издавач за своите мемоари. Ова најмногу поради тоа што тој се најде во центарот на вниманието поради гласите дека ја злоставувал посвоената ќерка, пишува „Њујорк тајсм“.

Се чини дека никој не сака да ги објави мемоарите на Ален во Америка, така што тој стекна статус „персона нон грата“.

Ален мината година својата книга ја понудил на разни издавачи, но сите го одбиле поради страв од негативен публицитет и поради движењето #MeToo.

Челниците на издавачките американски куќи сметаат дека соработката со режисерот за нив би била погубна.

Откога движњето #MeToo посвети многу внимание на неговата посвоена ќерка Дилан Фароу и наводното малтретириање кога таа имала седум години, Ален е во немилост на издавачите, иако е ослободен од обвинението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.