Со строги мерки на претпазливост и листа на правила што мора да се почитуваат од сите присутни на сетот, во Лос Анџелес од денеска продолжува филмската и ТВ продукција што беше паузирана поради пандемијата на COVID-19.

Ова е протоколот според кој се работи за Холивуд.

Variety објави дека протоколот за рестартирање на снимањето налага сите присутни на сетот да носат заштитни маски за лице, а на снимањето да присуствуваат само најнеопходните членови на екипата.

На територијата на Лос Анџелес, каде спаѓа и Холивуд, забрането е да е снимаат сцени со подолг физички контакт како борби или секс, а глумците биле замолени „да молчат што е можно повеќе за да не се шират капки плунка низ разговор“.

Исто така, треба да се избегнуваат сцени со метеж, а оние кои не можат да носат маска за лице додека трае снимањето мора да држат физичка дистанца од осум метри. Актерите ќе мора сами да се шминкаат и веќе не се дозволени заеднички оброци, односно сите мора да јадат одвоено.

Поради исклучително строгите правила, многу продукциски куќи одлучија снимањето да го одложат до јули или почетокот на август, кога очекуваат дека ќе биде укината оваа мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.