Американската академија за филмска уметност и наука, која е задолжена за престижните награди „Оскар“, редовно е критикувана поради тоа што мажите во комисијата се огромно мнозинство во однос на жените. Поради тоа, во новото соопштение, оваа културна институција објави список од 842 имиња поканети да ѝ се приклучат, од коишто 50 отсто се жени, а 20 проценти се припадници на малцинствата.

Меѓу поканетите се и Лејди Гага, Жан-Луј Трентињан и Жозијан Баласко. Ова е првпат во историјата на Академијата жирито да се состои од 50 отсто жени. Лани, тие тука беа застапени со 49 отсто.

На списокот, инаку се и имињата на Стерлинг К. Браун, Винстон Дјук и Летисија Рајт. Се очекува дека сите поканети кандидати ќе го прифатат членството.

Академијата последниве години постојано ја критикуваат и поради „елитизмот и недостатокот од расна и етничка разновидност“, како и други работи. Затоа, оваа институција направи некои промени и внесе новитети, меѓу кои и поместувањето на датумот на доделувањето на „Оскарите“, како и скратување на свеченоста за којашто многумина сметаа дека трае предолго

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.