Згодниот турски актер Бариш Ардуч ја освои наградата “Најдобар интернационален актер на годината” на 10-тиот Бејрутски интернационален фестивал на награди.

Вљубениот ерген се појави и предизвика лавина реакции и воздишки кај фановите во Либан кои со задоволство, како и Македонците, ја следеа неговата хит комедија.

Претходно, актерките што ги толкуваа улогите на султанките Хурем и Махидевран од “Величествениот” имаат освоено награди на либанскиот филмски фестивал. Овојпат, вашиот омилен Омер се здоби со таква статуетка и се заблагодари на публиката и критиката.

ТВ Пакет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.