Маркантниот турски актер Озџан Дениз(47), минува низ голема брачна криза, а според она што се зборува и пишува во турските медиуми, тој и неговата 20 години помлада сопруга Фејза Актан се пред развод.

Гласините за брачни проблеми на новопечениот пар, кој во март се венча, а кон крајот на април го доби синот Кузеј, почнале пред еден – два месеца.

Таблоидите тогаш пишувале дека убавата и млада Фејза почнала мегаломански да троши, па маж и ѝ ги затворил сметките, и ги одзел сите картички и и дал само една која тој директно ја контролира.

А тоа, тврдат турските медиуми, многу ја налутило младата мајка, па почнале сериозни караници во домот на Денизови. Затоа во последните денови на декември 2018 година актерот го напуштил домот и се преселил во хотел. Дома не го вратиле ниту убедувањата на целото семејство, ниту молбите на Фејза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.