Актерката Бергузар Корел, или како што нашата публика ја памети Шехерезад од „1001 ноќ”, целосно го промени својот изглед и денес е речиси непрепознатлива.

Бергузар ја скрати својата препознатлива долга коса и сега носи кратки локни кои целосно го променија нејзиниот имиџ. Турските медиуми објавија дека ја скратила косата поради една нова улога, а според фотографиите на Инстаграм, промената и нејзе и се допаднала, но и на обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

🙏🏽✨💚

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorels) on

Бергузар сé уште е среќно вљубена во колегата Халит Ергенч, кој го играше Онур во популарната серија „1001 ноќ”.

Тие токму на снимањето на оваа популарна турска серија се вљубија и потоа и двајцата ги оставија своите поранешни партнери за да бидат заедно.

Па, како ви се допаѓа Бергузар повеќе, со долга или кратка коса?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.