Автомобилот на холивудскиот актер Том Круз, БМВ, бил украден за време на снимањето на филмот Невозможна мисија 7 во Бирмингем.

Лондонскиот таблоид Сан објави дека возилото на Том Круз било украдено од паркингот на хотелот Гранд, во кое имало и разна стока вредна неколку илјади фунти, пренесува Би -Би -Си.

Автомобил БМВ Х7 бил украден во вторникот на паркингот на улицата Черчи, но набргу бил пронајден во блискиот Сметвик, објавила полицијата на Вест Мидлендс и потврдиле дека анализата на снимките од безбедносните камери е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.