Познатиот холивудски актер Том Круз со години вешто го крие од јавноста својот емотивен живот. Откако се разведе од актерката Кејти Хомс во 2012 година, ниту една своја љубовна партнерка не и ја претстави на јавноста, а сите информации беа само медиумски шпекулации. Никогаш немаше официјална потврда, така што неговиот љубовен живот остана мистерија се до сега кога се дозна дека се жени.

Многумина сметаат дека мистериозноста на неговиот живот е поради припадноста кон Сиентолошката црква, која има строги правила. Се тврдеше дека официјални лица од Сиентолошката црква организираат „аудиции“ за на 57-годишниот актер да му најдат соодветна сопруга. Но Круз го демантираше тоа.

Лаги во различна форма и натаму се лаги изречени само да се продаваат весниците, рече тогаш претставникот на Том Круз за медиуми.

Странските таблоиди пишуваат дека Рене Зечвегер, 51-годишната актерка е подготвена да стане член на Сиентолошката црква и тоа токму поради актерот со кој играше во филмот „Џери Мегваер“. Том секогаш и се допаѓаше, потврди извор близок до двојката, откривајќи како наводната нивна романса била под строга контрола на лидерот на сиентолозите.

Сиентолошката црква од разводот се обидува да најде идеална партнерка за Том, која би била согласна да ѝ се придружи на нивната заедница, а Рене се покажала како идеален кандидат, вели извор и додава дека челниците на црквата веќе контактирале со актерката. Претставници на црквата веќе ја посетија Рене во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Во таа прилика ѝ објасниле што значи да биде член на Сиентолошката црква.

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Џери Мегваер“ далечната 1996 година, кога, како што истакнуваат таблоидите, пречка за нивната врска тогаш бил бракот на Том со Никол Киднам. Рене неодамна во интервју за магазинот „Венити Феар“ изјави дека Том за секој роден ден и испраќа подарок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.