Американската филмска ѕвезда Том Круз ќе го претстави продолжението на филмот „Топ Ган“ со поднаслов „Маверик“ (Top Gun: Maverick) на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан.

Том Круз се враќа во Кан со филмот „Топ Ган: Маверик“, што ќе биде прикажан на 18 мај, најави организаторот на фестивалот, Тјери Фремо.

Том Круз (59) се прослави со својот прв долгометражен филм во 1986 година, а во новиот филм, глуми заедно со Џенифер Конели, Вал Килмер, Ед Харис и други.

Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи од 17 до 28 мај. Составот на жирито сѐ уште не е познат, додека листата филмови во трката за „Златната палма“ ќе биде објавена на 14 април. Лани, француската режисерка Јулија Дукурно ја доби наградата за своето дело „Титан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.