Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори за улогата на Џепето во римејкот на „Пинокио“ од 1940 година, објави „Вараети“. Филмот е базиран на популарниот роман „Авантурите на Пинокио“ од италијанскиот писател Карло Колоди од 1883 година.

Филмот на „Дизни“ ќе го режира Пол Кинг, но засега не е познат датумот на премиерата. Во филмот од 1940 година, Џепето ја создава дрвената кукла Пинокио, која ќе ја оживее самовила. Таа му ветува на Пинокио дека ако биде храбар и чесен, ќе стане вистинско момче.

„Пинокио“ им се придружува на веќе најавените нови верзии на „Дизни“, како: „Кралот лав“, „Дамбо“, „Аладин“ и „Мулан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.