Францускиот писател и режисер Јан Муа беше остро критикуван откако изјави дека не е способен да сака жена која е постара од 50 години. Муа, и самиот педесетодишник, за магазинот „Мари Клер“ изјави дека жените на таа возраст му се престари.

Повеќе ги сакам и ги ценам младите женските тела, тоа е се. Не е комплицирано. Телото на 25-годишната жена е чудесно, ама телото на 50-годишна жена не е ни малку чудесно – изјави францускиот режисер.

Неговите коментари, сосема очекувано, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. Француската комичарка Марина Фуа се пошегува на твитер дека со оглед на нејзината возраст (наскоро ќе полни 49 години) има само уште една година и 14 дена за да спие со писателот.

Некои корисници на твитер само поделиле фотографии од холивудските диви како Хали Бери и Џенифер Анистон кои се во 50-те години, а изгледаат подобро од младите колешки. Француската комичара Ан Романоф го критикуваше Муа, истакнувајќи дека ниту љубовта ниту сексот не се само „цврст задник“ туку станува збор за поврзување на двајца.

Се надевам дека еден ден тој ќе ја пронајде својата среќа – рече таа.

Муа е писател, режисер и водител кој низ годините добил многу награди за својата работа. Но, познат е и по контроверзните коментари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.