Откако се разведе од Анџелина Џоли, актерот Бред Пит често беше поврзуван со различни жени, но изгледа овојпат навистина се заљубил и тоа во жена која нема никаква врска со неговите поранешни љубови.

Бред Пит овојпат го поврзуваат со духовитиот гуру и дизајнерката на накит Сат Хари Калсом, Американка која живее во Индија.

Веста ја пренесува новиот број на магазинот ЈуЕс Викли, на кој од насловната страна, Бред Пит порачува: Да повторно сум заљубен и открива како долгогодишна пријателка му е се почеста придружба на настаните. Дека не е се само нагаѓање, потврдил и извор близок на парот.

Таа патува со него по светот на премиера на филмот Ад Астра. Била на премиера на филмот и во Лос Анџелес, а од настанот заминале во исто време, но раздвоени- рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.