Мерењето на пулсот на гледачите додека гледале хорор филм открива кој е најстрашниот. Тоа е филмот „Hereditary“, од 2018 година.

Експертите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметаа кои филмови најмногу го зголемуваат срцевиот ритам на гледачите, а на прво место беше хоророт од 2018-та година, кој многумина веќе го нарекоа еден од најстрашните на сите времиња.

На 150 луѓе им беа дадени низа хорор филмови кои мораа да ги гледаат за прв пат, носејќи бројач на срцето за да го следи нивниот пулс. Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражувањето спроведено над 2.500 луѓе, кои ги именуваа според нив 10-те најстрашни хорор филмови на сите времиња.

Најстрашниот филм се покажа дека е „Hereditary“, при чие гледање срцевиот ритам на оние што го гледале во просек бил 115 – значителен скок од просек од 60-100 отчукувања во минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.