Незаборавниот каратист од „Кил Бил“ на Тарантино, Јапонецот Сони Чиба, ненадејно почина на 82 години од компликации поврзани со ковид, јавува Би-Би-Си. Борецот од „Стрит Фајтер“ и од „Брзи и бесни“ трагично ја заврши својата пет-децениска филмска кариера, а беше “скромен, грижлив и пријателски човек“, вели за него неговиот личен агент.

Чиба студирал боречки вештини и карете во 1960-тите и ги следел стапките на Брус Ли. Имал црн појас во шест различни боречки вештини!

Филмската академија на Оскарите вчера се прости со него на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.