По апелите до Владата да го поработи на чистиот воздух, тимот од наградениот македонскиот документарец „Медена земја“ („Honeyland“) сега ги повикува граѓаните да се приклучат на нивната акција со која финансиски би им помогнале на децата кои се дел од филмот.

На нивната официјална веб-страница, авторите започнаа кампања преку која секој може да нарача тегла мед, а парите од продажбата ќе бидат потрошени за образование на децата.

Тие би биле среќни да се запознаат со вас, но тие се во Медената земја, далечно место, каде сè минува и ништо не е сигурно, дури ниту водата во жешкиот сончев ден, или топлиот оброк во ладна зимска ноќ. Вие може да им помогнете на овие осум деца – Мустафа, Вели, Али, Алит, Гамзе, Љутвиш и новороденчето кое сè уште нема име, се вели во кампањата.

На продажба се тегли од 25 милиграми, а доставувањето започнува од 1 март, информираат авторите.

„Медена земја“, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, премиерно беше прикажан како дел од официјалната конкуренција на престижниот фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарни филмови од целиот свет.

Документарниот филм ја раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.