Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Сто лаги“. Со оваа проекција се затвора неделата на јапонски филм.

Филмот раскажува за еден излитен трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

 

СТО ЛАГИ e комедија е во режија она Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од нагледаните современи јапонски режисери. Неговоиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

Возрасна категорија: 12 години

 

СТО ЛАГИ

(We make antiques!)

 

Игран филм, Јапонија

2018, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Масахари Таке (Masaharu Take)

Сценарио: Шин Адачи, Масако Имаи (Shin Adachi, Masako Imai)

Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки (Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.