Игор Первиќ жените го обожаваа, а беше еден од најубавите и најпосакувани актери. Долго го немаше на големото платно, а тогаш пред самиот крај на животот почнаа да му се нижат улоги кај Шотра, па во филмот „Проклетиот пес“, како и серијата „Немањиќ“.

Игор имал само една желба, а тоа е враќање на театарот. На неговите молби за настап во театар, режисерите остануваа глуви.

Театар. Би сакал во него повеќе да играм. Инаку, улогите како такви не ги посакувам, бидејќи во животот кога нешто посакувате, обично тоа не се остварува, а треба да се има и малку среќа – порача Игор во своето последно интервју минатата година.

Ги избегнуваше медиумите, бидејќи сметаше дека младите треба да се покажуваат, а неговото време дека поминало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.