Џејмс Редфорд, синот на холивудскиот актер, Роберт Редфорд, почина во саботата од рак, објави неговата сопруга Кајли Редфорд на Твитер.

Џејми почина денеска. Ние сме скршени. Тој живееше прекрасен и значаен живот и беше сакан од сите. Многу ќе ни недостасува – објави Кајли.

За смртта на Џејмс, јавно се огласија и од Непрофитната организација „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“ од каде порачаа дека пожарникарите загубиле уште еден голем сојузник

Џејмс Џејми Редфорд нè напушти откако боледуваше од рак. Тој беше вистински филантроп, длабоко загрижен за здравјето и безбедноста на пожарникарите и зачувувањето на нашето опкружување. Џејми го нема, но неговото наследство ќе живее во големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир – се наведува во пораката од Фондацијата.

Џејмс Редфорд стапи во контакт со Фондацијата за време на неговиот документарец „Toxic Hot Seat“, кој го сними заедно со продуцентот Кирби Вокер. Филмот ја разгледува употребата на канцерогени забавувачи на пламенот и ефектите врз зголемената стапка на рак кај пожарникарите.

Роберт Редфорд сè уште не ја коментирал смртта на својот син.

Џејмс Редфорд ги остава сопругата Кајли и двете деца Дилан и Лена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.