Во специјална епизода на „Симпсонови“, гледачите се запознаа со новиот лик – д-р Венди Сејџ. Таа е хипнотерапевт, но и преживеана од рак на дојка, која имала еднострана мастектомија и има видлива лузна од уредот што се користи за хемотерапија.

Ликот го синхронизира Рене Риџли, глумица и писателка, која, исто така, е преживеана од рак на дојка. Таа е сопруга на еден од креатиците од „Симпсонови“ – Мет Селман.

Живеејќи отворено како жена со една града, Сејџ испраќа порака за целосно прифаќање на поединците и маргинализираните групи – вели Риџли.

Гледачите на Твитер и интернет-просторот го поздравија потегот по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.