Иако Шерон Стоун е во седмата деценија од животот, многумина се уште ја сметаат холивудската актерка за секс-симбол.

Во интервјуто за „Town & Country“, Стоун зборува за тоа како се чувствува за тоа, порачувајќи им на луѓето да си најдат други идоли

Луѓето сè уште сакаат да ги видат моите гради. Па имам 62 години! Ајде пораснете – вели sвездата на филмот „Основен инстинкт“, во кој е снимена легендарната сцена, во која во белиот мини фустан во полициската станица ги прекрстува нога преку ногата, додека под него не носи ништо.

Шерон зборува и за тоа зошто смета дека и понатаму е толку привлечна за мажите.

Навистина, никогаш не сум мислела дека сум баш толку секси. Кога го снимав „Основен инстинкт“, ја истражував својата „мрачна страна“ и така стекнав некои нови пријатели. Успеав да се донесам самата себе до тоа да не се плашам и да не се срамам од себе и мислам дека тоа е она што луѓето го сметаат за секси на мене – вели актерката.

Таа раскажува и за негативните страни на титулата „секс симбол“.

Понекогаш е тешко, затоа што сите очекуваат да бидам она на што навикнале цело време. Тоа било навистина тешко и на Мерлин Монро. Снимила важни филмови, како „Автобуска станица“ и „Неприлагодени“, но секогаш беше придружена со сликата на секс-симбол и создадениот имиџ. Многу е тешко се справиш со тоа  – вели Шерон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.