Успехот на американската телевизиска мини-серија во продукција на „Ејџ-би-о“, чија тема е најголемата светска нуклеарна катастрофа во Чернобил, го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ги посетат термоцентралата и градот на духовите Припјат, во нејзина близина.

Една украинска туристичка агенција, од почетокот на емитувањето на серијата во мај, бележи пораст од 40 отсто во резервациите. Посетата на Чернобил, со англиски толкувач, чини околу 90 евра за лице, објави „Ројтерс“.

Во април годинава беше одбележана 33-годишнината од чернобилската катастрофа, која во тогашната советска Украина ја предизвика неисправен безбедносен тест во четвртиот реактор на нуклеарната централа.

„Чернобил“ стана неверојатен телевизиски феномен, кој со својата популарност се заканува да ја престигне и серијата „Игри на престолот“. Серијата има пет епизоди, а премиерното прикажување почна на 6 мај. Приказната говори за вистински личности кои се жртвувале за да спречат Европа да доживее незамислива катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.