Американските служби се во потрага по актерката Наја Ривера, која исчезна на езерото Пиру во Јужна Калифорнија. Нејзиниот четиригодишен син е пронајден сам на брод.

Полицијата верува дека 33-годишната sвезда од серијата „Glee“ се удавила, а потрагата по нејзиното тело е прекината во текот на ноќта па продолжила денеска. Нејзиното синче Џоси Холис Дорси, наводно, им рекол на полицајците дека мајка му скокала во водата и дека повеќе не се вратила.

Според информациите од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, Ривера го изнајмила чамецот околу 13 часот. Екипажот на друг брод го пронашол нејзиниот син сам три часа подоцна.

Излетниците веднаш пријавиле можно исчезнување и започнала потрагата по актерката. По неа трагаат хеликоптери, дронови и нуркачки тимови.

Нејзината последна фотографија, објавена вчера на нејзиниот профил на „Инстаграм“, е направена, најверојатно веднаш до езерото додека го гушкала синот, а актерката го ставила описот „Само ние двајца“.

 

View this post on Instagram

 

just the two of us

A post shared by Naya Rivera (@nayarivera) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.