Актерката Бергузар Корел, попозната како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, во март го роди своето второ дете со 49-годишниот актер Халит Ергенч, кого го паметиме по улогата на Сулејман, а сега се појавија информации дека славната двојка се разведува.

Според турските медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод.

Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми велат дека е многу популарна и е позната како една од најголемите актерски надежи на Турција.

Му недостасува страст и жар, а неговата сопруга го одбива. Едноставно, ја нема хемијата, таа воопшто не се обидува да ја поправи, а тој има потреби како и сите други – тврди изворот.

Многу фанови го осудија актерот за таквиот однос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.