Роберт Дауни Џуниор во интернет-емисијата „Смартлес“ потврди оти веќе нема да глуми во филмови на серијалот „Марвел“.

Претходно имаше гласини оти тој може да се врати во улогата на Железниот човек во наредниот филм „Црната вдовица“ (Black Widow)… Премиерата е закажана за ноември годинава.

Па, на директнo прашање од водителот Џејсон Бејтман за тоа – до каде се тие проекти, Роберт Дауни Џуниор (55), одговори: „Сите тие се завршени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.