Кино сојузот на Македонија по 48. пат го организира Државниот фестивал на непрофесионален филм кој оваа година ќе се одржи утре на 7 јуни (петок) во конгресната сала на хотел „Монтана“ во Крушево со почеток во 19 часот.

На фестивалот беа пристигнати 56 филма во 5 категории што претставува своевиден рекорд споредбено со бројот на апликации во претходните години. Жирито, кое ги оценуваше делата е во следниот состав: Миле Петковски – претседател, Илинденка Петрушева – член и Ана Опачиќ – член, избра 18 остварувања за прикажување во официјалната селекција и ќе се прикажуваат по следниот редослед:

1. Визија – Стефан Сидовски

2. Чевли – Филип Петрески

3. Мадам во чад – Ана Андонова

4. Клучарот Цако – Љупчо Ристески

5. Изолиран случај – Кристина Даниловска

6. Коалица и мачор – Ана Андонова

7. Поистоветување – Стефан Сидовски

8. Попладневни малини – Глигор Кондовски

9. Дождобран – Калин Маловски

10. Занаетчија – Игор Стојковски

11. Човекот кој не беше – Јован Саркањац

12. Мечкари – Горан Попоски

13. Јас направив избор – Зоран Пиловски

14. Црно и бело – Марија Николаевска

15. Убаво и грдо – Петре Чаповски

16. Хабитус – Петар Јанкоски

17. Опатија – Славче Анѓелков

18. Црно или бело – Јане Темелковски

Организатори на фестивалот се: Кино Сојуз на Македонија, Народна Техника на Македонија, Општина Крушево. Фестивалот е реализиран со средства од Агенцијата за филм.

Повеќе информации за наградите на 8 јуни, следете ја „Фејсбук“ страната на Кино Сојуз и страната на Фестивалот .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.