Синот на Робин Вилијамс, Зек сподели емотивна порака до неговиот татко на годишнината од неговата смрт. Славниот глумец и комичар почина на 11 август 2014 година.

Тато, почина на денешен ден пред седум години. Радоста и инспирацијата што му ја донесе на светот, живее како наследство кај твоето семејство, пријателите и обожавателите, кои толку многу ги сакаше. Живееше за да ги насмееш другите и да им помогнеш. Денес ќе го славам споменот за тебе. Те сакам засекогаш!, напиша Зек Вилијамс на Твитер.

Робин Вилијамс е запаметен по сценската комедија и по улогите во бројни познати филмови, како што се „Г-ѓа Даутфајер“, „Попај“, „Капетан Кука“, „Џуманџи“, „Аладин“, „Добриот Вил Хантинг“ (за којшто во 1997 доби и „Оскар“ за споредна улога), потоа – „Друштвото на мртвите поети“ и „Печ Адамс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.