Долгоочекуваното, осумкратно одложувано продолжение на „Аватар“, со поднаслов „Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water) од 15 декември ќе биде на репертоарот на Синеплекс во Скопје. Вториот дел на остварувањето од над милијарда долари на режисерот Џејмс Камерон, во кината во САД и ширум светот е на 16 декември годинава.

 

 

Во новата приказна, На’ви воинот Нејтири (Зое Салдана) и поранешниот маринец кој стана На’ви, Џејк Сали (Сем Вортингтон) сега се горди родители на четири деца на далечната планета Пандора.

Продолжението е приказна за семејството и она низ што ќе минат родителите за да го сочуваат и заштитат своето семејство… Секогаш велам дека филмовите на (режисерот) Џим имаат универзални теми – и навистина, нема поуниверзална тема од семејството, изјави продуцентот Џон Ландау во една прилика.

 

 

Меѓу глумците се Кејт Винслет, Сигурни Вивер, Стивен Ланг, Мишел Јео, Вин Дизел, Уна Чаплин, Џоел Дејвид Мур, Џовани Рибиси и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.