Електричарот на снимањето на филмот „Rust“ на чиј сет актерот Алек Болдвин случајно ја застрела директорката на фотофрафија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, поднесе тужба.

Серж тужбата ја поднел за несовесно однесување против актерот Болдвин и оружарката Хана Гутјерез, но и против помошникот режисер Дејв Холс кој на истражните органи им рекол дека му го дал пиштолот на Болдвин за време на пробата.

Тој ги обвини продуцентите и другите членови на филмската екипа, вклучително и Алек дека не ги примениле безбедносните стандарди и дека дозволиле „наполнет пиштол со боева муниција да биде впечен во живи луѓе на филмски сет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.