Вечерва, 28 октомври, во 19 часот и 15 минути, на „ТВ 24“ почнува да се емитува „Гласна куќа“, првата тинејџерска ситком-серија, во продукција на КМК продукција, заедно со Актерската школа на Весна Петрушевска.

Сценариото е на Димитар Банов, а режијата е на Петрушевска. Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на првенката на Македонскиот народен театар. Музиката и текстот во најавата се на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Никола Перевски Пере.

Модерната македонска тинејџерска телевизиска серија „Гласна куќа“ ќе биде задолжителна и за родителите, вели Виолета Дамевска-Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Не само што сметаме дека ќе ја гледаат, туку како родител сметам дека е оваа серија е задолжителна и за родителите, бидејќи содржината на проектот е многу искрена и реална. Така ќе им помогнеме на родителите да ги запознаат своите деца и нивната реалност, нивните желби, стравови и предизвици одблиску, вели Дамевска-Ѓоргиева.

Досега се снимени 10 епизоди, а по излегувањето во етер и мал одмор од продукцијата најавуваат дека ќе почнат со подготовки за втората сезона која веќе има и свој облик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.