Театарскиот, филмскиот и телевизиски актер Феѓа Стојановиќ починал денес по долго боледување на 74-годишна возраст во Белград, дознаваат српските медиуми.

Феѓа Стојановиќ е роден во Алексинац во 1948 година, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1973 година во класата на професорот Миленко Маричиќ. Тој е постојан член на театарот „Ателје 212“ од 1973 година.

Играл голем број улоги во Ателје 212, Театар Звездара, Југословенскиот драмски театар, Мадленианум, Малиот театар „Душко Радовиќ“, Театарот „Бошко Буха“, а на пошироката публика и е познат по бројните улоги во филмови и ТВ серии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.