Актерката Едит Гонзалес, на домашната публика позната по бројните улоги во мексиканските сапуници како што се „Саломе“, „И богатите плачат“, „Дона Барбара“, почина во 54 година од животот.

Пред три години и е дијагностицирана рак на јајници, но за жал не ја победи тешка болест. Веста дека починала ја потврди нејзината колешка Летиција Калдерон, позната по улогата на Есмералда во истоимената серија, преку својот Твитер профил.

По дијагностицирањето на ракот, Едит потврди дека поминала неколку операции на лимфните јазли, по што и биле отстранети јајниците и матката.

Зад себе го остави сопругот Лоренцо Магаин и 15-годишната ќерка Констанца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.