Актерот Ирфан Кан, познат на меѓународно ниво по улогите во хит филмовите „Slumdog Millionaire“ (Милионер од калта) и „Life of Pi“ (Животот на Пи), почина на 53-годишна возраст, објави Би-Би-Си њуз.

Кан беше познат по своите настапи, а многумина го нарекуваа еден од најталентираните актери во Индија.

Во 2018 година, на актерот му е откриен невроендокрин тумор, редок вид карцином, а подоцна бил подложен на лекување во лондонската болница. Кан од вторникот бил на интензивна нега во болницата во Мумбаи поради со инфекција на дебелото црево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.