Холивудскиот ветеран Дени Ајело почина во болница, на возраст од 86 години, како последица од тешка инфекција. Според ТМЗ, Ајело одеднаш се разболел и починал веднаш откако неговото семејство го посетило во раните утрински часови. Оваа тажна вест ја потврдија и членовите на семејството. Се претпоставува дека починал од инфекција.

Зад себе ја остави сопруга Сенди, со која беше во брак од 1955 година и три деца. Тој стана познат по улогите во „Направи го вистинското нешто“ и „Кум 3“ во кој глуми Тони Розати, чиј лик е познат по неговата легендарна реченица „Мајкл Корлеоне вели здраво“.

Негова најпозната улога е во хитот на Спајк Ли од 1989 година, „Направи го вистинското нешто“.

Ајело е роден 1933 година, а во актерството се прослави доста доцна, на своја 42-годишна возраст. Претходно работел како возач на автобус, како и вратар во ноќни клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.