На 31 октомври на Бахамите, почина легендарниот шкотски актер, кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд – Шон Конери, а сега конечно се открива причината за смртта.

Според првичните информации беше соопштено дека актерот починал во сон, а сега се дознава дека причината за смртта биле пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација – неправилно чукање на срцето.

Таков живот не беше за него. Тој не беше во можност да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше и да биде – вели сопругата на Шон, Мишелин Рокебрун, за „Дејли меил“.

Неговата сопруга вели дека покрај Шон имала прекрасен живот и дека е среќна што заедно остареле, но и дека тој е човек на кој многумина треба да се угледуваат.

Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек на кој другите му се восхитуваа. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, свесна сум дека не може да траеме вечно – вели Мишелин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.