Долгоочекуваниот филм на Ашгар Фаради кој ја имаше својата премиера на Филмскиот Фестивал во Торонто, пристигнува во домашните кина.

„Сите Знаат“ е мистериозна приказна која не воведува ви животот на семејството кое се собира да прослави венчавка во живописно село во близина на Мадрид. Лаура со семејството патува од Буенос Аирес во родното место во Шпанија на свадбата на својата сестра. За време на прославата на фамилијарниот собир, нејзината постара ќерка е киднапирана. Во тешките денови кои следат, расте тензијата меѓу членовите на семејството и познаниците, а на површина излегуваат длабоко чувани тајни.

Бардем и Круз одлично се пронаоѓаат во улогите кои се пишувани специјално за нив, хемијата меѓу нив и меланхолијата за она што би можело да биде сѐ скоро опипливи. Додека се борат да ја пронајдат својата ќерка, емоциите кои некогаш гореле во нив повторно се јавуваат.

Фаради сака да посвети време на ткаење замрсени мрежи околу своите ликови. Пред да почне со драмата, сака публиката да ги запознае ликовите и нивните меѓусебни односи. Двојниот добитник на оскар го сними своето последно дело на шпански јазик и беше одбран да го отвори 71то издание на Канскиот Филмски Фестивал. Во домашните кина ќе започне со прикажување од 24 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.