Актерот Ник Кордеро, чија нога била ампутирана поради коронавирусот и кој заврши на респиратор, се разбуди од кома по скоро еден месец.

Среќната вест на нејзиниот профил на Инстаграм ја сподели неговата сопруга Аманда Клоутс, која редовно им кажува на следбениците за неговата состојба.

Бев многу возбудена. Докторот денеска ми рече дека Ник се разбудил. Не можев да поверувам – напиша таа.

Таа открила дека актерот сè уште е многу слаб и едвај може да ги отвори очите.

Конечно изгледа дека ќе биде добро, но сепак не сакам да се радувам премногу, бидејќи ова е навистина непредвидлива ситуација – додаде таа.

Аманда зборуваше и за сè што се случувало во болницата. Таа рече дека лекарите требало да го реанимираат Ник и дека тој ја изгубил свеста. Неколку дена подоцна, морале да му ја ампутираат ногата. Ова им овозможи на лекарите да се фокусираат на белите дробови и срцето на Ник.

Актерот успешно се опоравува од операцијата, а Аманда рече дека се надева на чудо секој ден. Нејзината желба е Ник да се опорави пред средината на јуни за да може да присуствува на роденденската забава на нивниот син.

Таа рече дека секој ден му пуштала на Ник видео со расплаканите синови во болницата за да го потсети зошто треба да издржи и да преживее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.