Метју Миндлер викендов беше пронајден мртов во близина на Универзитетот во Пенсилванија, а резултатите од обдукцијата покажаа дека поранешната детска sвезда си го одзела животот.

Истражувачката служба во округот Ланкастер заклучи дека 19-годишникот си го одзел животот, иако се’ уште нема токсиколошки резултати, пренесува ТМЗ.

Миндлер исчезнал неколку дена пред да биде пронајден мртов, во саботата наутро, во заедница во близина на Универзитетот каде што посетувал колеџ како студент од прва година, беше наведено претходно во соопштението на колеџот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.