После документарниот филм „Leaving Neverland“, во кој двајца мажи отворено зборуваат за тоа дека биле жртви на педофилските склоности на Мајкл Џексон, на десеттата годишнина од смртта на Кралот на попот, пристигнува уште еден документарец.

Филмот под наслов „Killing Michael Jackson” (Убивајќи го Мајкл Џексон), за тема ја има истрагата за смртта на пејачот, како и околностите под кои умрел на 25. јуни 2009. година.
Како што пишува британскиот таблоид The Sun, истражителите, покрај безживотното тело на Мајкл Џексон нашле еден куп крајно бизарни предмети.

Полицајците Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит во филмот рекле, дека во собата, во која никој освен него не влегувал, го откриле мртвото тело покрај кое се наоѓало уште нешто.

Во креветот, покрај него, имало компјутер, една кукла за девојчиња и неколку фотографии од бебиња.

Исто така во собата на починатиот пејач имало многу белешки и хартиички со различни записи, игли, празни шишиња и отпад.

Во тој хаос била пронајдена и торбата на доктор Конрад Мареј, кој во 2011. година бил осуден поради ненамерно убиство на Кралот на попот, за што отслужил казна затвор од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.