Светот го обиколи веста за смртта на југословенската актерка Мира Фурлан. Таа почина на 65 години во САД.

На нејзиниот Твитер профил стои напишано:

Ги гледам ѕвездите. Ноќта е ведра и Млечниот пат изгледа толку блиску. Таму одам наскоро. Сите ние сме материја од ѕвездите, одеднаш се сеќавам на зборовите на Делин од сценариото на Џо. Не е тоа толку лошо. Не се плашам. Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам топката околу мене. И да вдишам, под темното небо полно со ѕвезди. Вдишувам. Издишувам. Тоа е сè, напишано е во нејзината објава.

Мира Фурлан (1955-2021), е позната југословенска актерка која што во последните децении живееше во САД.

Таа глумеше во многубројни филмови и серии. Во САД беше позната по улогата на амбасадор Делен во научнофантастичната телевизиска серија „Babylon“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.