Според светските филмски критичари, нема фаворит помеѓу филмовите на Канскиот филмски фестивал и за жирито, со кое претседаваше американскиот филмски режисер Спајк Ли, воопшто нема да биде лесно да избере меѓу 24 филмови во официјалната конкуренција.

Жирито на Канскиот филмски фестивал се состана денеска на непозната локација за да одлучи кој ќе ја освои престижната Златна палма, што ќе биде доделена вечерва.

Покрај Ли во жирито се и пејачката Милен Фармер или бразилскиот режисер Клебер Мендонча Филјо.

Во жирито секој има различно мислење. Им ветив на луѓето од жирито дека нема да бидам диктатор, дека ќе бидам демократ … но до одреден момент, бидејќи ако жирито е поделено на четири на четири, јас одлучувам! Ќе се забавуваме – изјави Ли.

Меѓу филмовите кои најмногу ја обележаа Кроазетата, е „Вози го мој автомобил“, на јапонскиот режисер Рјусуке Хамагучи. Филмот е адаптација на расказ на Харуки Мураками.

Вечерва ќе му се врачи почесна Златна палма на италијанскиот режисер Марко Белокио, кој по пет децении кариера, презентира многу личен документарец, „Маркс може да почека“.

Канскиот филмски фестивал ќе биде затворен со проекцијата на најочекуваната француска комедија на летото „OСС 117, Црвена тревога во Црна Африка“, од Николас Бедос со Жан Дујардин, Пјер Нини и Фату Н’Диаје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.